За нас


ПОЧИТУВАНИ

ЗА ПОРТАЛОТ:

 

Првиот документарен портал “Мариово филм” (www.mariovofilm.mk) е бренд  кој опфаќа презентација на Македонија преку патеписи, репортажи, фото репортажи и докукентарни филмови.Главна цел  на порталот “Мариово филм” е претставување и запознавање на Македонија и Македонците  од гледна точка  на патник и посетител, но и самозапознавање  на народот  кој со векови  живее на парчето земја  која се вика Македонија, а самиот себеси се нарекува Македонски.Идејата на тимот кој го работи  и претставува порталот “Мариово филм”е да се посочат  корените на  народот  кој без разлика  на религија  и геогравска местоположба, сепак е дел од една иста душа на едно тело наречено Македонија. „Мариово филм“ не е орган на политичка партија, друштво или организација, туку е широка национална трибуна која тежнее да соработува со  секој Македонец и Македонка без разлика на негавите филозофски погледи и идеолошки убедувања, нација каде и да се наоѓа тој.

Првиот документарен портал „Мариово филм“ е наполно независен медиум. подржан од Маркетиншката куќа „4Д Феникс ВИЗИА

Порталот “Мариово филм” ќе дава подршка на сите оние иницијативи, предлози и сугестии за подобро претставување и запознавање на Македонија и Македонците, но и самозапознавање  на народот  кој со векови  живее на парчето земја  која се вика Македонија, а самиот себеси се нарекува Македонски.

Од основачот на Првиот документарен портал за Македонија "Мариово филм", Зоран Костески- Шваца.

                                                                                        

ИМПРЕСУМ:

 Основач и раководител на порталот

http://mariovofilm.mk/sites/default/files/styles/fullsize/public/524925_324264624319840_1068016960_n.jpg

Зоран костески - Шваца

Zoran  Kosteski - Shvaca

Product menager

 

e-mail: z.kosteski@yahoo.com

Моб. +389 75 78 20 12

Моб. +389 07 26 30 62

WEB: www.mariovofilm.mk

 

Роден 1964 година во село Рилево прилепско. Дипломирал на “Правниот факултет” при Унивезитетот “ Свети Кирил и Методиј” во Скопје , на интердисциплинарните студии по новинарство.Новинарската кариера ја започнува во Радио Скопје во радио програмите “Глас од татковината” и  “ Нашите сонародници во странство”. Првата радио репортажа ја прави за прилепското село Ропотово,  во 1989 гоина. Во 1990 година  се запознава со телевизиската патеписната документаристика  каде и сега работи како новинар-патеписец документарист. Во 1990 година преминува во Телевизија Скопје во утринската програма “ Доброутро Македонијо” каде што останува се до 1994 година. од  каде што преминува во Документарната редакција на Македонската Телевизија. Во документарната редакција на Македонската телевизија работи десет години, односно од 1994 до 2004 година,  со своја патеписна –документарна  серија “ ЗАБОРАВЕНИ ”- во која  обработува патеписи за селото во Mакедонија. За време од четиринаесет години години  во Македонската радио  телевизија  направил над 400 документарно патеписни репортажи  за нашите  во Македонија и околу 4.500 кратки- патеписни репортажи. Во 2004 година преминува во весникот “Бизнис” каде што   продолжува со патеписните репортажи за заборавените села  и рурални региони во Македонија. Во весникот “Бизнис” оставил 110  патеписи за заборавените рурални  (селски)  региони во Македонија. Во почетокот на 2006 година доаѓа во телевизија А-1 каде работи на истата тематика . Репортажи за селата во Република Македонија . Пишува патеписни –документарни репортажи  за заборавените села во Македонија и во весникот” Време” , во неговиот подлисток “Фармер”  наменет за  селото, селаните и земјоделците. Во овој весник има објавено околу двесте  репортажи за селата во Македонија. Во 2011 година патеписно-документарни репортажи  пишува и за весникот “ Македонија ” што го издава Матица на иселениците на Македонија. Од 2013 година е основач и раководител на Првиот документарен портал за Македонија “Мариово филм”.

 

Основач на порталот

  http://mariovofilm.mk/sites/default/files/styles/halfsize/public/60821_1584616903223_146299_n.jpg

Лука Суша

Luka Susha

 

Роден на 13.06.1951 година. Четериесет години другарува со фотоапаратот, камерата. Работел во четериесетина новинарски, издавачки, филмски куќи. Има преку дваесетина самостојни изложби и околу триесетина заеднички. Како снимател, фотограф,камерман е дел од познатата југословенска кинематографија.Член е на сите здруженија од кинематографијата во поранешна СФРЈ.  Неговите фотографии ги има на страниците на новинарските брендови: Политика, Илустрована Политика,Вечерни новине, Време, Шпиц, Фармер  и А1 телевизија. Современик е на познатите мајстори на фотографијата: Киро Билбилоски, Живко Јаневски, Роберт Јаш и други. Основач,раководител е на првиот документарен портал за Македонија.

 

 

Правен застапник и маркетиншка подршка

 

 

„4Д Феникс ВИЗИА“ ДОО - Скопје

e-mail: contact@4d.mk

Тел.. +389 2 55 11 585

Моб. +389 75 34 32 80

WEB: www.4d.mk

 

„4Д Феникс ВИЗИА“ е формирана на почетокот на 2012 година како првата маркетиншка агенција во областа на туризмот. Своето делување го имаше определено како туристички маркетинг, промоција и продукција, како дел од тогашната „ВИРГО Компани“, преземајќи го делот за маркетинг, промоција и продукција. Нашата задача начелно беше на сите субјекти кои се занимаваат со туризам или со сектор поврзан со туризмот да им овозможиме стручна и техничка помош во промоцијата и презентацијата со користење на најновите технички можности и тековни достигнувања со цел да ги задоволат потребите на клиентите. 

Како членка на ТКМ (Туристичка комора на Македонија) и соработник на АППТМ (Агенција за промоција и поддршка на туризмот), ХОТАМ (Хотелска асоцијација на Македонија) и ФТБЛ (Факултет за туризам и бизнис логистика) при УГД (Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип) во соработка со Министерството за Култура на Република Македонија и Заводот за заштита на споменици активно делува во туристичката промоција и презентација на Македонија во повеќе проекти, а самата има започнато два самостојни проекти во насока на промоција на Скопје и Македонија.


Нашата визија е дека секогаш сè може подобро, побрзо и полесно.