Македонски цркви и манастири


Објавено на: 30-09-2015

 

 

а Мариово филм заедно со првиот документарен за Македонија Мариово филм  започна со реализација на новиот документарен патеписен серијал ”Македонските цркви и манастири”.

Во република Македонија има околу 2.000 цркви и манастири, поточно речено 1.984, во Егејскиот дел на македонија 2.500, а во Пиринскиот дел 1.000 сцркви и манастири, поточно речено колку што има и села. Продукцијата Мариово филм и првиот документарен портал за Македонија Мариово филм преку пишан текст, визуелен аудио и фотографски приказ ќе се обиде да ги извади од заборав македонскитецркви и манастири, односно да ај извади од заборав историјата на секоја црква  и секој манастир , како дел од историјата на македонскиот народ и Македонија. Документарниот патеписен серијал е поделен во 18 региони. Секој регион ќе содржи по неколку документарно патеписни емисии. Секоја емисија ќе трае по 30-тина минути.Документарно-патеписните емисии ќе можете да ги гледате на првиот документарен портал за македонија Мариово филм во втората половина на месец Септември 2013 година.