Галерија: Патуваме низ општина Неготино

Патуваме низ општина Неготино


Општината Неготино коа е лоцирана во централниот дел од Република Македонија, во областа на средното Повардарје и  му припаѓа на Вар дарскиот регион, а како посебна природна средина припаѓа и на Тиквешкиот регион., која го зафаќа источниот дел од Тиквешката Котлина, на двете страни од реката Вардар,  на југоисток се граничи со Демир Капија, на Север  со општина Штип, на исток со Општина Конче, на југ со Кавадарци, на запад со Општина  Росоман и на северозапад со Општина  Градско. Зафаќа површина од 426 квадратни километри, на чиј простор покрај градот Неготино распослани се и селта :  Тимјаник, Пепелиште, Долни, Криволак , Тремник, Војшанци , Курија , Црвени Брегови , Вешје , Дуброво , Горни Дисан , Пештерница , Липа  и Брусник и раселeните  села: Јаношево, Калањево, Џидимирци и Шеоба. Општината.

 Лозарството и винарството во  неготинската регија како дел од областа Тиквеш има богато историско минато и долга традиција. Тие претставувале основни стопански гранки со кои се занимавало населението од целиот овој регион. Историјата на виновата лоза во овој крај бележи постоење подолго од два милениума, а тоа нешто може да се види од бројните  археолошки артефакти , археолошки локалитети, како што се: Стоби, Еударист, Белград, Антигона, и други, пишаните документи, фотографии, преданија, како и во народните песни, обичаи и други творби. Населението кое живело на овие простори со голема љубов и пиетет ја одгледувале оваа култура.

Плодното земјиште, погодните климатски услови, географската место положба на оваа област, овозможило низ вековите  непрекинато овој регион постојано да биде населен и некои населби дури да израснат во големи градски средини со велелепни градби како што се Стоби, Еударист, Белград, Антигона,па се до денеска како што е и административниот ценат на Општина Неготино, Неготино и осумаесетината населени места распослани во атарот на оваа Општина.

Плодното земјиште, погодните климатски, географската место положба наоваобласт,овозможило во овој регион  да престојуваат и владеат многубројни императори, владетели, цареви , кралеви, деспоти, кнезови на  тогашните големи светски империи како што се Македонската античка империја, Римската Империја, Византија, Македонското самоилово Царство, Македонските средновековни кралства, Отоманската, Австроунгарската империја, Балканските кнежевстава и  на почнуваќи од основачот на античкит град Антигонеа  македонскиот владетел Антигон Гонат, којна овие простори владеел во третиот век пред нашата ера, Тит Ливиј римски императот и историчар,Филип Петти основач на античкиот град Стоби и престотлнина на  римската провинцијаМакесонија Секунда,римскиот император Август, епископот Будиос член на Никејскиот сехристијански собир,епископот Филип,,епископот Фокус  член на големиот сехристијански собир во Константинопол кој с еодржал во 553 година,Византискиот император Василиј Втори,Македонскиот средновековен цар Самоил, средновековните властелини со Македонија кралот Димитрија Волкашин, Деспотот Углеша Кралот Марко, Отоманската Империја, Отоманските султани Мурат Втори, Сулејман Величествениот, Селим Трети,големиот везир Мехмед Паша Соколовиќ и големит Македонски  Отомански Везир Арслан Паша , со вистинското име Ангеле Сирмев родум од село Старавина , опишан во романот Калеш Анѓа на македонскиот раскажувач и романописец Стале Попов и уште многу , многу заени и не знаени личности кои ги забележала историјата како и обични посетители , добронамерници.

Сите овие владатари во Неготинска регија оставиле по некоја трага како дел од историјата која се случувала тука, од пред неколку милениуми, како сто се надворешни и внатрешни градски бедеми, утврдувања, царски палати, ранохристијански баџилики, антички театри, епископски седишта, епископски резиденџии, големи аквадукти, синагоги, римски форуми,главни улици наречени вија Аксии, Вија Принсипале,Вија Инфериоре, Вија Теодоре, плоштади, средновековни христијански и муслимански духовни светилишта и градби , како и овие денешниве современи автоптски делници и современи архитектонски градби.Сето ова што во минатото човекот го создал , го направил го градел за д аму с еподобрат условите за живеење, живеашката да му биде полесна.

Кога секој добронамерник ќе го посети атарот на Општината Неготино, поточно речено кога ќе влезе не само во урбаниот  нејзин дел кој го сочинува градот Неготино , туку и во осумнаесетте населени места, распослани во нејзиниот рурален дел ќе забележии дека сето она што претходно драги мои ви  го раскажав  не само што веќе одамна го нема , ќе забележи дека онаа старата традиционална чаршиска  македонска идила и онаа  стара традиционална селска идила одамна и остапува место на оваа денешнава современа сеевропска архитектура, се со цел животот на мештаните од Општина Неготино да биде во тренд со европскиот, а во тоа голем успех има пред се неготинчанецот , како што вообичаено секогаш вели за себе, господинот  Ванчо Апостолов, градоначалник на Општина Неготино.

И покрај тоа што речиси седумдесет проценти од вкупното  неготинско население живее во градот Неготио ,бројот на населението кое живее во руралниот дел на Општината според пописот на населението од 2002 година изгледа вака : во село Тимјаник живеат околу 1.200  жители, во Пепелиште 1.074,во Долни Дисан 930,во Криволак 1.021жител, во Тремник 829мештани, во Војшанци 443ѓители,во Курија 216, во Црвени Брегови 173, во Вешје 45, во Дуброво 49, во Горни Дисан 11, во Пештерница 3,во Липа 2 и во Брусник 3 жители, додека пак  Селата Јаношево, Калањево, Џидимирци и Шеоба се целосно раселени. Неготино е повеќе национална  во која покај  најмногубројното  македонско население живеат и Срби, Турци,Роми  и други националности.

Кога секој добронамерник ќе дојде во Општина Неготино и кога ќе прошета и  низ  неготинска чаршија , низ денешните улици,  иако ќе се обиде да најде нешто на лик на она што одамна заминало,од старата неготинска чаршија, од старите калдрмисани сокаци и сокачиња,се од старите , бакалници, акчилници, анови, кафеани,шнајдери,  сарачи, кујунџии, папуџии, казанџии, наланџии, бочвари, бозаџии, бербери, налбати, ковачи, бојаџии, да најде налик  на старото корзо или старото кино, од старта градска чаршиска архиктектура  или пак иако некој добронамерник реши да ги посети осумнаесетте неготински села за да ја види старата селска идила ,старата традиционална селска архитектура преточена преку старите селските сокачиња и патчиња,од  куќите  со приземје и кат, од приземјето  изѕидано  од камен , а катот  изграден од цигла ,од ѕидовите опшиени   со вертикални и хоризонтални греди и летви, од ѕидовите испреплетени со плот и измалтарени со малтер направен ржанова плева, од катот кој служел за живење , од задолжителниот селски чардак без која не можела да се замисли ниедна селска куќа, од амбарите за жито, од  приземните простории на куќата каде се чувала сета покуќнина, од селскиот двор , од големите и долги селски ѕидови, од тешките и големи замандалени порти речиси  иако речиси не ќе може  да најде  нешто што наликува на минатотот  , сепак ќе се воодушеви од она новото кое одамна го има заменето старото.

Драги ми сето ова што досега ви го раскажав за општината Неготино , е само мал вовед во многуте приказни што  мештаните  од Неготинската регија  ќе    ми ги   раскажат  за   минатото на  нивниот роден крај,   преку нивните лични сеќавања различни по време и простор , преточени во неколку продоленија на овој документрен  серијал со работен наслов “Патуваме низ Општина Неготино “ со надеж дека меѓу помладите  Неготинчани  , особено меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата , ќе се изнајдат и љубопитници и ентузијасти , кои за голем број прашања  изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот.